Пожар во два брода во Керченскиот теснец во Црното Море: 11 лица загинаа

Два брода кои пловеле под знамето на Танзанија вршеле дотур на гориво и притоа во едниот брод дошло до експлозија, по што пожарот го зафатил и другиот брод и според последни добиени информации во несреќата животот го загубиле 11 лица

1130364
Пожар во два брода во Керченскиот теснец во Црното Море: 11 лица загинаа
kerc bogazi yangin1.jpg

Во Керченскиот теснец во Црното Море во два брода кои што доставувале гориво избувнал пожар при што според последни добиени информации животот го загубиле 11 лица.

Два брода кои пловеле под знамето на Танзанија вршеле дотур на гориво и притоа во едниот брод дошло до експлозија.

Пламенот што се појавил за кусо време го зафатил и другиот брод.

На бродовите се наоѓал 31 член на екипажот од кои 16 турски и 15 индиски државјани кои за да се спасат од пожарот скокнале во морето и чекале помош.

Русија испратила бродови за спасување на местото на настанот.

Во пожарот според последни добиени информации животот го загубиле 11 лица, а 14 морнари биле спасени.

Засега не е објавено било какво соопштение во врска со националната припадност на загинатите.

Работите за пребарување и спасување на местото на несреќата продолжуваат.

Точната причина за појава на пожарот ќе биде позната по реализираните испитувања.



Слични вести