Во синоќешните израелски воздушни напади на Сирија загинале четворица сириски војници

Руското министерство за одбрана соопшти дека синоќа по полноќ според локално време од страна на израелската армија беа реализирани три воздуши напади на териториите на Сирија во кои загинаа четворица сириски војници, а 6 мина војници се ранети

1129684
Во синоќешните израелски воздушни напади на Сирија загинале четворица сириски војници

Руското министерство за одбрана соопшти дека во синоќешните ракетни напади на Израел врз Сирија загинале четворица сириски војници, а 16 мина војници биле ранети.

Центарот за управување со националната одбрана при руското министерство за одбрана објави соопштение во врска со синоќешните израелски напади врз цели во Сирија.

Во соопштението се вели дека израелските воздушни сили од 02:11 часот до 02:56 часот според локално време реализираа три напади врз териториите во западниот, југозападниот и југоисточниот дел на Сирија, по што се додава следното: „На крајот на нападите загинаа четворица  сириски војници, а 6 мина војници се ранети. Беа оштетени одредени делови на меѓународниот аеродром во Дамаск.“

Во соопштението се истакнува дека противвоздушно одбранбените системи на сириската армија уништиле во воздух повеќе од 30 истрелани водени ракети и бомби од страна на израелските воздушни сили.

Израелската армија соопшти дека е реализиран воздушен напад врз цели на специјалните сили Фејлак ел-Кудс во склопот на Иранската револуционерна гарда, на териториите на Сирија.

 



Слични вести