Во реализираниот напад на Талибанците на воениот комплекс во Авганистан загинаа 126 лица

Во денешниот напад на Талибанците на воениот комплекс во централната провинција Мајдан Вардак, западно од главниот град Кабул, во Авганистан загинаа 126 лица

1130246
Во реализираниот напад на Талибанците на воениот комплекс во Авганистан загинаа 126 лица

Во реализираниот напад од страна на членови на Талибан врз воениот комплекс во централната провинција Мајдан Вардак, западно од главниот град Кабул, во Авганистан, загинаа 126 лица.

Портпаролот на губернијата Мајдан Вардак Абдурахман Мангал по нападот изјави дека откако едниот од четворицата напаѓачи ја експлодирал бомбата на себе на влезот на воениот комплекс, другите тројца напаѓачи влегле во вооружена престрелка со безбедносните сили.

Од страна на авганистански функционери во утринските часови беше соопштено дека бројот на загинатите изнесува 12 лица.

Меѓутоа, потоа еден функционер од авганистанското министерство за одбрана соопшти дека бројот на загинатите во нападот изнесува 126 лица.

Одговорноста за реализираниот напад на воениот комплекс во Мајдан Вардак ја презеде Талибан.



Слични вести