Во операција во Нигерија спасени 61 лице кои биле киднапирани од страна на Боко Харам

Во областите Мафа и Диква во провинцијата Боно, во североисточниот дел на Нигерија беа реализирани операции против терористичката организација Боко Харам и притоа беа спасени 61 лице кои биле киднапирани од страна на организацијата

1129857
Во операција во Нигерија спасени 61 лице кои биле киднапирани од страна на Боко Харам

Со реализирана операција беа спасени 61 лице кои беа киднапирани од страна на терористичката организација Боко Харам во североисточниот дел на Нигерија.

Заменик портпаролот на армијата полковник Онјеама Нвачукву истакна дека во областите Мафа и Диква во провинцијата Боно биле реализирани операции против терористичката организација.

Велејќи дека со операцијата беа спасени 37 жени и 24 деца кои биле држени во заложништво од страна на органзиацијата, Нвачкуву рече дека во операцијата биле неутрализирани и 15 членови на терористичката организација Боко Харам.

Нвачкуву ја сподели и информацијата дека за време на операцијата бил ранет еден нигериски војник.

Во нападите на терористичката организација Боко Харам која во Нигерија делува од почетокот на 2000'дитите години, од 2009 година досега  животот го загубија повеќе од 20 илјади лица.

Оваа терористичка организација од 2015 година досега реализира напади и во соседните земји Камерун, Чад и Нигер.

Така во нападите на организацијата во басенот на Чадското езеро животот го загубија најмалку 2 илјади лица. 

Во 2016 година за нов лидер на Боко Харам беше назначен нејзиниот поранешен портпарол Ебу Мусаб ел Барнави и тоа доведе до недоразбирања и поделби во организацијата помеѓу нејзиниот лидер Ебубекир Шекау кој се наоѓаше на нејзино чело од 2009 година и сегашниот лидер Барнави.

 



Слични вести