Во бомбашки напад на талибански воен камп во Авганистан загинаа 12 лица

Откако едниот од четворицата напаѓачи ја експлодирал бомбата на себе на влезот на воениот камп, другите тројца напаѓачи влегле во вооружена престрелка со безбедносните сили и во судирот загинале 12 лица, а 28 лица биле ранети

1129891
Во бомбашки напад на талибански воен камп во Авганистан загинаа 12 лица

Во реализиран бомбашки напад од страна на припадници на Талибан врз воен камп во провинцијата Мајдан Вардак во Авганистан, загинаа 12 лица.

Портпаролот на губернијата Мајдан Вардак Абдурахман Мангал изјави дека откако едниот од четворицата напаѓачи ја експлодирал бомбата на себе на влезот на воениот камп, другите тројца напаѓачи влегле во вооружена престрелка со безбедносните сили.

Мангал рече дека на крајот од вооружената престрелка која што траела приоближно два часа биле неутрализирани тројцата на напаѓачи.

Главниот лекар на градската болница во Мајдан Вардак истакна дека во вооружениот напад загинале 12 лица, а 28 лица биле ранети.

Талибанската организација пак тврди дека во нападот биле убиени над 100 припадници на безбедносните сили.



Слични вести