Утре во Давос стартува годинашниот Светски економски форум

Главна тема на годинашниот Светски економски форум во Давос е „Глобализација 4:Обликување на новата архитектура во светлото на четвртата индустриска револуција“

1129983
Утре во Давос стартува годинашниот Светски економски форум

Годинашниот Светски економски форум во швајцарското градче Давос ќе се одржи од 22 до 25 јануари.

Светскиот економски самит на кој учествуваат највлијателните политичари и предводници на деловниот свет од сите страни на светот ќе започне утре.

Главна тема на годинашниот форум во Давос е „Глобализација 4:Обликување на новата архитектура во светлото на четвртата индустриска револуција“.

На годинашниот самит што ќе се одржи по 49'ти пат ќе учествуваат повеќе од 3 илјади бизнисмени, политичари,академици и претставници на граѓански органзиации од 100 земји и ќе се одржат повеќе од 350 седници.

Турција ќе ја претставуваат министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерката за трговија Рухсар Пекџан и претседателот на Централната банка Мурат Четинкаја. 

На годинашниот Светски економски форум во Давос пак, освен американскиот претседател Доналд Трамп кој соопшти дека нема да учествува поради буџетската криза, изнесувајќи ја притоа како причина затворањето на федералната влада, нема да допатуваат и британската премиерка Тереза Меј и францускиот претседател Емнауел Макрон:



Слични вести