Израелската армија реализира воздушен напад врз иранските специјални сили Фејлак ел-Кудс во Сирија

Во објавеното писмено соопштение на израелската армија беше истакнато следното: „Израелската одбранбена армија заклучно со овој момент ги гаѓа целите на Фејлак ел-Кудс во Сирија.“

1129495
Израелската армија реализира воздушен напад врз иранските специјални сили Фејлак ел-Кудс во Сирија

Израелската армија реализира воздушен напад врз цели на специјалните сили Фејлак ел-Кудс во склопот на Иранската револуционерна гарда, на териториите на Сирија.

Во објавеното писмено соопштение беше истакнато следното: „Израелската одбранбена армија заклучно со овој момент ги гаѓа целите на Фејлак ел-Кудс во Сирија.“

Во соопштението беше предупреден сирискиот режим против евентуалната реализација на напад на израелските територии или израелските сили.

Од друга страна, во веста на сириската новинска агенција „САНА“ ослонувајќи се на еден воен функционер се вели дека Израел реализирал напад на сириските територии со водени ракети од копно и од воздух и дека сириските противвоздушно одбранбени системи го спречиле нападот и повеќето од ракетите биле уништени пред да пристигнат до целта.

Во претходните вести пак кои што беа објавени од страна на „САНА“ беше истакнато дека израелскиот напад за кој што станува збор бил реализиран над Ел-Џелил и езерото Таберије, но дека противвоздушно одбранбените системи уништиле десетици израелски ракети.

Потоа беа споделени и видео-снимките од моментот на уништување на израелските ракети.

Израелската армија синоќа соопшти дека била истрелана ракета на северниот дел на Голанските висорамнини и дека оваа ракета била уништена од страна на противвоздушно одбранбениот систем „Железна купола“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху минатата недела изјави дека израелската армија во последните 36 часа погодила цели на Иран и Хезболах во Дамаск меѓу кои се наоѓале и магацини со оружје на Иран и дека Израел и претходно реализира слични напади.



Слични вести