Вториот самит меѓу Трамп и Ким ќе се одржи на крајот на февруари

Портпаролката на Белата куќа Сарах Сандерс соопшти дека вториот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот претседател Ким Јонг-Ун ќе се одржи на крајот на февруари

1129154
Вториот самит меѓу Трамп и Ким ќе се одржи на крајот на февруари

Американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа се состана со потпретседателот на Централниот комитет на Работничката партија на Северна Кореја Ким Јонг-чол.

Портпаролката на Белата куќа Сарах Сандерс соопшти дека вториот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун ќе се одржи на крајот на февруари.

Портпаролката на Белата куќа Сарах Сандерс рече: „Претседателот Доналд Трамп со Ким Јонг-чол разговараше еден и пол час за денуклеаризацијата (на Северна Кореја) и за самитот што ќе се одржи на крајот на февруари.“

"Претседателот со нетрпение очекува да се состане со  Ким на самитот чие место на одржување ќе биде соопштено подоцна." - појасни Сандерс.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот претседател Ким Јонг-ун за првпат се состанаа на 12 јуни мината година во Сингапур. По самитот двајцата лидери постигнаа согласност за денуклеаризација на Северна Кореја.

 



Слични вести