Во напад на талибанските милитанти на полициска станица во Авганистан загинаа 7 полицајци
Талибански милитанти реализираа напад на полициска станица во центарот на провинцијата Фарах во западниот дел на Авганистан во кој загинаа 7 полицајци, а 6 полицајци се ранети
1129048

Во реализиран напад на талибански милитанти на полициска станица во центарот на провинцијата Фарах во западниот дел на Авганистан загинаа 7 полицајци.
Вршителот на должноста претседател на градскиот совет на Фарах Дадулах Кане истакна дека талибански милитанти извршија напад на полициската станица Кариз Шајха во центарот на Фарах.
Велејќи дека во нападот загинаа 7 полицајци, Кане рече дека исто така беа ранети и 6 мина полицајци.
Во објавеното соопштение од Талибан пак се тврди дека во нападот биле убиени 7 полицајци, а 7 полицајци биле заробени.