Во источниот дел на Русија, над Јапонското Море се судрија два борбени авиони „Су-34“
Два ловци бомбардери од типот „Су-34“ кои реализирале обука над Јапонското Море, на 35 километри од брегот, во областа Хабаровск, во источниот дел на Русија, се судриле додека вежбале маневрирање и се срушиле

Во источниот дел на Русија утрово се судрија два руски борбени авиони од типот „Су-34“.
Во објавеното соопштение од руското Министерство за одбрана се истакнува дека два ловци бомбардери од типот „Су-34“ кои реализирале обука над Јапонското Море, на 35 километри од брегот, во областа Хабаровск, во источниот дел на Русија, се судриле додека вежбале маневрирање и се срушиле.
Во соопштението се вели дека во моментот на падот на авионите пилотите се катапултирале над морето, по што во областа биле испратени два хеликоптери и еден авион за спасување на пилотите.
Борбените авиони летале без муниција.
Инаку познато е дека руските ловци бомбардери од типот „Су-34“ се мултифункционални авиони кои се дизајнирани за извршување напади со висока чувствителност и прецизност врз непријателски цели во воздух и на земјата под тешки временски услови.