Претседателот Трамп го откажа патувањето во Давос и на делегацијата на САД

Портпаролката на Белата куќа Сарах Сандерс истакна дека претседателот Трамп ја откажа посетата на делегацијата на САД на Давос поради тоа што е затворена федералната влада

1128699
Претседателот Трамп го откажа патувањето во Давос и на делегацијата на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изнесувајќи го како причина затворањето на владата ја откажа посетата на американската делегација за која се очекуваше да учествува на Светскиот економски форум во швајцарското градче Давос.

Портпаролката на Белата куќа Сарах Сандерс објави писмено соопштение по ова прашање.

Сандерс истакна дека претседателот Трамп ја откажа посетата на делегацијата на САД на Давос поради тоа што е затворена федералната влада.

Американскиот претседател Доналд Трамп во соопштението што го објави минатата недела на својата сметка преку социјалната мрежа Твитер истакна дека нема да учествува на годинашниот Светски економски форум во Давос.

Трамп напиша: „Поради тврдоглавоста на демократите кога станува збор за безбедноста на границите и нашата земја, го откажувам патувањето во Давос, Швајцарија, за Светскиот економски форум. Со најискрени желби и извинување за Светскиот економски форум.“

Инаку, Светскиот економски форум во швајцарското градче Давос ќе се одржи од 23 до 26 јануари.



Слични вести