Поранешниот амбасадор на САД во Дамаск Роберт Форд призна дека ЈПГ е продолжеток на ПКК

Поранешниот амбасадор на САД во Дамаск Роберт Форд истакна дека ЈПГ/ПКК во Сирија води борба против терористичката организација ДЕАШ само за свои сопствени интереси и дека јасна е врската на ЈПГ со сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1128324
Поранешниот амбасадор на САД во Дамаск Роберт Форд призна дека ЈПГ е продолжеток на ПКК

Поранешниот амбасадор на САД во Дамаск Роберт Форд призна дека ЈПГ е продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

На конференцијата под наслов „Повлекувањето на САД од Сирија е правилно или неправилно?“ во организација на тинк-тенк институцијата „Woodrow Wilson Center (WWC)“ со седиште во Вашингтон, учествуваше и поранешниот американски амбасадор во Дамаск Роберт Форд.

Во своето излагање овде поранешниот американски амбасадор во Дамаск Робер Форд истакна дека ЈПГ/ПКК во Сирија води борба против терористичката организација ДЕАШ само за свои сопствени интереси и рече: „Не мислам дека повлекувањето на САД од Сирија значи предавство за сириските Курди.“

Велејќи дека јасна е врската на ЈПГ со ПКК, Форд напомена дека во регионот постојат низа проблеми помеѓу Курдите и Арапите и дека присуството на ЈПГ не ги намалува проблемите и оваа состојба се искористува од страна на ДЕАШ. 

Освен тоа поранешниот американски амбасадор во Дамаск Роберт Форд тврди дека извршител на завчерашниот бомбашки напад во подрачјето на Менбич во Сирија во кој загинаа 20 лица од кои 5 мина американски војници, е лице кое живее во ова подрачје, мештанин.

 



Слични вести