Во извршен вооружен напад врз Туарезите во Мали животот го загубија 34 лица

Според вести објавени во националниот печат, група вооружени напаѓачи кои дошле со моторцикли извршиле напад на две села во кои живееле Туарези, во близина на градот Манека и притоа животот го загубиле 34 лица

1128040
Во извршен вооружен напад врз Туарезите во Мали животот го загубија 34 лица

Во западноафриканската држава Мали од страна на засега неидентификугвани лица беша извршен вооружен напад на селата во кои живеат Туарези при што во нападот животот го загубија 34 лица, а голем број лица се ранети.

Според вести објавени во националниот печат, група вооружени напаѓачи кои дошле со моторцикли извршиле напад на две села во кои живееле Туарези, во близина на градот Манека.

Гувернерот на градот Манека Нанут Котиа истакна дека во вооружениот напад животот го загубија 34 лица и дека има и голем број ранети.

Котиа напомена дека во истата област минатиот месец дојде до судири меѓу различни племиња и притоа го загубија животот приближно 40 лица.

Во насилствата во оваа област минатата година беа убиени повеќе од 200 лица од кои мнозинството го сочинуваа припадници на племињата Фулани и Туарези.

Туарезите, за кои се раскажува дека потекнуваат од Тарик бин Зијад, освојувачот на Андалузија и Амазиците, најмногу живеат во Либија, Мали, Нигер и Буркина Фасо.   

Туарезите сер вбројуваат меѓу најголемите и најдревните (коренити) племиња во Африка и се претпоставува дека нивниот број изнесува некаде околу 3,5 милиони.



Слични вести