Владата на британската премиерка Тереза Меј го „преживеа“ гласањето за доверба

По неуспехот што го претрпе со отфрлање на нејзиниот предлог за Договорот за Брегзит, синоќа пратениците гласаа и за доверба на владата на британската премиерка Тереза Мај и овојпат Меј го „преживеа“ гласањето за доверба во Парламентот

1127431
Владата на британската премиерка Тереза Меј го „преживеа“ гласањето за доверба

Владата на британската премиерка Тередза Меј успеа да добие доверба од Парламентот, против иницијативата на опозицијата за соборување на владата.

По неуспехот што го претрпе со отфрлање на нејзиниот предлог за Договорот за Брегзит, синоќа пратениците гласаа и за доверба на владата на британската премиерка Тереза Мај.

Предлогот за гласање недоверба за владата на Меј беше поднесен од страна на главната опозициона Работничка партија и ова гласање  овојпат резултираше со победа на премиерката Меј во Долниот дом на Парламентот.

Доверба на владата на Тереза Меј и дадоа 325 пратеници наспроти 306 кои гласаа против.

Речиси сите пратеници од Конзервативната партија ја поддржаа владата на Меј, иако дури 118 од нив вчера гласаа против нејзиниот договор за напуштање на Европската Унија. 

Инаку, по отфрлањето на Договорот што го постигна британската премиерка Тереза Меј со Европската унија (ЕУ) за Брегзит, т.ј. излез на нејзината земја од Унијата, со гласовите на 432'јца наспротив 202'јца пратеници, главната опозициона Работничка партија поднесе предлог за гласање недоверба за владата и премиерката Меј.

Сега британската премиерка Тереза Меј се очекува во понеделник да го достави до Парламентот „Планот Б“ што ќе го подготви во врска со процесот што ќе се следи по прашањето на Брегзит.



Слични вести