Средба на министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија во Париз

Средба на шефовите на дипломатиите на Азербејџан и Ерменија, Елмар Мемедјаров и Зохраб Мнатсаканјан, во Париз во присуство и на копретседателите на ОБСЕ, Русинот Игор Попов, Французинот Стефан Висконти, Американецот Ендрју Шофер и Полјакот Анджеј Каспжик

1127829
Средба на министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија во Париз

Министерот за надворешни работи на Азербејџан Елмар Мемедјаров и ерменскиот министер за надворешни работи Зохраб Мнатсаканјан во рамките на процесот за решавање на проблемот со Нагорно Карабах се состанаа во францускиот главен град Париз.

Во објавеното писмено сооопштение од азербејџанското министерство за андворешни работи се истакнува дека на средбата  биле разменети корисни и позитивни мислења во однос на прашања кои што ги тангираат двете земји, вклучувајќи го и значењето на поголемото размирање (толеранција) и создавање доверба меѓу страните.

Според соопштението страните постигнале согласност по прашањето на продолжување и во текот на наредниот месец на брзите и ефикасни преговори фокусирани на резултат.

На средбата страните преговараа за низа прашања, вклучувајќи ги и патиштата за подготвување на народот и на двете страни за мир, безбедност и одржлив регионален развој.

На средбата помеѓу министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија, Елмар Мемедјаров и Зохраб Мнатсаканјан, присуствуваа и копретседателите на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), Русинот Игор Попов, Французинот Стефан Висконти, Американецот Ендрју Шофер и специјалниот претставник на ОБСЕ Полјакот Анджеј Каспжик.



Слични вести