Потпреседателот Мајк Пенс: САД ќе се повлечат од Сирија, но ќе ја продолжат борбата против ДЕАШ

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека ќе се повлечат од Сирија, но дека за да би биле сигурни во тоа дека терористичката организација ДЕАШ нема повторно да го покаже своето грозно лице, ќе останат во регионот и ќе продолжат со борбата

1127607
Потпреседателот Мајк Пенс: САД ќе се повлечат од Сирија, но ќе ја продолжат борбата против ДЕАШ

Американскиот потпретседател Мајк Пенс во својата дадена прва изјава по вчерашниот напад на конвојот со американски војници кои патролираа во подрачјето на Менбич во Сирија истакна дека ќе се повлечат од Сирија, но дека за да би биле сигурни во тоа дека терористичката организација ДЕАШ нема повторно да го покаже своето грозно лице, ќе останат во регионот и ќе продолжат со борбата.

Пенс не се осврна директно на вчерашниот напад врз конвојот со американски војници кои патролираа во Менбич, меѓу кои имаше и загинати, меѓутоа истакна дека САД ќе продолжат да ги бранат придобивките на американските војници и нивните коалициони партнери.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс рече: „Ги враќаме нашите единици дома, ДЕАШ е поразен. Меѓутоа за да би биле сигурни во тоа дека терористичката организација ДЕАШ нема повторно да го покаже своето грозно лице, ќе останеме во регионот и ќе продолжимесо со борбата. Ќе ги браниме  придобивките на амеирканските војници и нивните коалициони партнери.“

Инаку, вчера во подрачјето на Менбич во Сирија, кое се наоѓа под окупација на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, беше извршен бомбашки напад на конвој со американски војници кои патролираа во подрачјето.

Портпаролот на коалицијата против ДЕАШ предводена од САД  полковник Шон Рајан изјави дека одговорноста за вчерашниот бомбашки напад во Менбич во Сирија ја презеде терористичката организација ДЕАШ и дека во експлозијата има загинати американски војници.

 



Слични вести