Реакции од ЕУ по отфрлањето на Договорот за Брегзит во британскиот Парламент

Претседателот на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Жан-Клод Јункер по вчерашното гласање во британскиот Парламент рече: „Барам Велика Британија во најскоро време да ја појасни својата намера.“

1126947
Реакции од ЕУ по отфрлањето на Договорот за Брегзит во британскиот Парламент

По отфрлањето во британскиот Парламент на Договорот за Брегзит, т.ј. излезот на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) кој што беше постигнат меѓу британската премиерка Тереза Меј и Унијата, почнаа да пристигнуваат и првите реакции по ова прашање.

Претседателот на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Жан-Клод Јункер по вчерашното гласање во британскиот Парламент рече: „Барам Велика Британија во најскоро време да ја појасни својата намера.“

Јункер во објавеното писмено соопштение нагласи дека жувствува жалење од резултатот од гласањето вчера вечер во Долниот дом на британскиот Парламент и истакна дека Европската унија (ЕУ) ќе го продолжи процесот на гласање за Договорот за Брегзит.

„Ова е единствениот пат да се овозможи Велика Британија да ја напушти ЕУ со договор“, - рече претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер.  

Претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ) Доналд Туск пак во објавата што ја сподели на својата сметка преку социјалната медија пак, напиша: „Доколку не е можно да се постигне договор и никој не сака да се оддели без договор, кој ќе покаже храброст да каже кое е тогаш единственото решение?“

Францускиот претседател Емануел Макрон пак, истакна дека Велика Британија најверојатно ќе побара дополнителен рок од Европската унија (ЕУ) во врска со договорот.

Макрон на еден состанок на кој што учествуваше даде изјави во врска со отфрлањето на Договорот за Брегзит во британскиот Парламент.

Велејќи дека по негативниот исход од гласањето би можеле да се реализираат три сценарија, Макрон истакна дека првото од нив е отфрлањето на Договорот за Брегзит и дека во овој случај страна која ќе изгуби ќе бидат Британците.

Макрон рече дека второто сценарио ќе биде Велика Британија да достави нови барања до ЕУ во врска со договорот, но напомена дека нема повторно да се преговара за договорот.

Францускиот претседател Емануел Макрон додаде дека третото сценарио за кое што би можело да се оствари, според него, е Велика Британија да побара дополнителен рок од ЕУ во врска со договор, и рече: „Можеби за да изнајдат нешто друго ќе учествуваат на изборите за Европскиот парламент (ЕП). Тоа создава голема неизвесност и грижа.“

Заменик канцеларот и министер за финансии на Германија Олаф Шолц пак, во врска со отфрлањето на Договорот за Брегзит во британскиот Парламент рече: „Добро сме подготвени за тоа, меѓутоа остриот Брегзит ќе претставува најмалку привлечен избор за Европската унија (ЕУ) и Велика Британија.“

Шолц преку социјалната медија објави пост на германски и на англиски јазик во кој констатира дека „Ова е горчлив ден за Европа.“

Шпанскиот премиер Педро Санчез пак, истакна дека отфрлањето на Договорот за Брегзит е жалосно и рече: „Договорот е најдобра веројатност. Излегувањето без постигнување договор ќе претставува негативен развој за Европската унија (ЕУ), а за Велика Британија ќе претставува катастрофа.“

Шпанскиот министер за надворешни работи Жозел Борел ја изнесе следната констатација: „Очекувавме негативен резултат, меѓутоа не очекувавме толку голема разлика. Ова е лоша вест, но треба да се испречеме пред неја. Шпанијан е подготвена пред секоја веројатност.“

 



Слични вести