Експлозија во Менбич во Сирија за време на патролирање на американски војници

Во експлозијата биле ранети голем број американски војници кои биле евакуирани од местото на настанот со американски хеликоптери, додека некои информативни агенции соопштија дека во експлозијата имало голем број човечки загуби

1127137
Експлозија во Менбич во Сирија за време на патролирање на американски војници

Денеска во пладневните часови дојде со силна експлозија за време на патролирањето на американските војници во подрачјето на Менбич во Сирија, инаку подрачје кое е под окупација на сепаратистичко-терористичката органзиација ЈПГ/ПКК.

Во експлозијата биле ранети голем број американски војници кои биле евакуирани од местото на настанот со американски хеликоптери.

Некои информативни агенции соопштија дека во експлозијата имало голем број човечки загуби.

Одговорноста за нападот во кој беа ранети и американски војници ја презеде терористичката организација ДЕАШ.

Во апликацијата за инстант-пораки „Телеграм“, на сметката по име „Амак“ за која што се знае дека и припаѓа на терористичката организација ДЕАШ, се тврди дека ДЕАШ реализирал напад со елек со експлозив во моментот кога војници на меѓународната коалиција во Менбич патролирале во подрачјето.

Инаку, подрачјето Менбич во Сирија од август 2016 година се наоѓа под окупација на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

САД и вети на Турција дека по исчистувањето на подрачјето од терористичката организација ДЕАШ припадниците на ЈПГ/ПКК ќе го напуштат подрачјето.

Меѓутоа Вашингтон не го исполни ова свое ветување, а потоа по долги разговори Турција и САД конечно се постигнаа договор за Патната карта за Менбич.

Сепак овојпат поради играњето на време од страна на САД, оваа договорена патна карта сеу уште не може да се заокружи.



Слични вести