Бројот на жртвите во експлозијата на гас во рускиот град Шахти се искачи на 5 лица

За време на активностите за пребарување и спасување кои што се водат меѓу рушевините на 9 катната зграда во градот Шахти се извлечени мртвите тела на уште 4 лица со што бројот на жртвите во несреќата се зголеми на 5 лица

1126720
Бројот на жртвите во експлозијата на гас во рускиот град Шахти се искачи на 5 лица

Бројот на загинатите во експлозијата на природен гас до која дојде вчера во една зграда во градот Шахти, во областа Ростов, во Русија се зголеми на 5 лица.

Според објавеното соопштение од руското Министерство за итни состојби, во активностите за пребарување и спасување кои што се водат меѓу рушевините на 9 катната зграда во градот Шахти се извлечени мртвите тела на уште 4 лица со што бројот на жртвите во несреќата се зголеми на 5 лица.

Во експлозијата беше причинета штета во 4 станови, по што веднаш започнаа активностите за пребарување и спасување на местото на настанот.

На 31 декември исто така поради експлозија на природен гас во една зграда во градот Магнитогорск во областа Чељабинск во Русија, животот го загубија 39 лица.



Слични вести