Бројот на загинатите во нападот на хотелот во кенискиот главен град Најроби се искачи на 14 лица

Кенискиот министер за внатрешни работи Фред Матианг истакна дека е воспоставена безбедноста во хотелскиот комплекс и неговата околина

1127202
Бројот на загинатите во нападот на хотелот во кенискиот главен град Најроби се искачи на 14 лица

Бројот на загинатите во вооружениот и бомбашкиот напад што беше извршен вчера на еден хотел во главниот град на Кенија, Најроби, се искачи на 14 лица.

Кенискиот министер за внатрешни работи Фред Матианг истакна дека е воспоставена безбедноста во хотелскиот комплекс и неговата околина.

Велејќи дека безбедносните екипи успешно ги евакуирале народот и странските граѓани кои за време на нападот се наоѓале во областа и дека е воспоставена безбедноста, Матианг побара од народот да го продолжи секојдневниот живот.

Шефот на полицијата Џозеф Боине пак, истакна дека еден самоубиствен напаѓач кој се наоѓал меѓу напаѓачите го активирал експлозивот што го носел на себе во лобито на хотелот.

Одговорноста за нападот за време на кој најпрвин се слушнала експлозија, а потоа вооружените членови на организацијата влегле во вооружена престрелка со полицијата, ја презеде терористичката организација Еш-Шебаб.

Внимание привлекува тоа што вчерашниот напад се совпадна со годишнината од извршениот напад на една кениска воена база во Сомалија во 2016 година кога загинаа приближно 150 војници.  

Терористичката организација Еш-Шебаб реализира напад на еден купопродажен центар во кенискиот главен град Најроби и во септември 2013 година во кој загинаа десетици циивили.



Слични вести