Британскиот парламент го отфрли Договорот за Брегзит

Меј: „Гласањето против договорот не претставува ништо друго освен неизвесност, сепарација и одвојување без договор“

1126640
Британскиот парламент го отфрли Договорот за Брегзит

Британскиот парламент го отфрли Договорот за Брегзит на премиерката Тереза Меј која го постигна со ЕУ за напуштање на Унијата.

На гласањето 202 британски пратеници гласаа за, додека 432 против.

По гласањето, премиерката Меј рече дека во случај опозицијата изгласа недоверба за владата, тогаш тоа прашање ќе може да се разгледа.

Британската премиерка Тереза Меј пред гласањето на рече дека гласањето против договорот не претставува ништо друго освен неизвесност, сепарација и одвојување без договор.

Лидерот на главната опозициона работничка партија Џереми Корбин во последното обраќање пред гласањето рече дека најдобар резултат на отфрлањето на договорот ќе бидат парламентарните избори.

Работничката партија по отфрлањето на Договорот за Брегзит, бараше да се гласа недоверба за владата на Тереза Меј.

На предвремените парламентарни избори што се одржаа во 2017 година, Тереза Меј о изгуби мнозинството на пратениците во парламентот што брои 650 пратеници. За формирање на владата потребни беа 325 пратеници, додека Конзервативната партија освои 318 пратеници. Премиерката Меј владата ја формираше со поддршка на Демократска унионистичка партија (ДУП) на Северна Ирска.

Екстремно десничарската партија ДУП истовремено следи остра политика на страна на Брегзит.



Слични вести