Состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на НАТО во Брисел

Началниците на генералштабовите на земјите членки на НАТО се состанаа во Брисел каде што во текот на две дена (денеска и утре) ќе разговараат за различни прашања

1126177
Состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на НАТО во Брисел

Началниците на генералштабовите на 29 земји членки на НАТО се состанаа во главниот град на Белгија, Брисел каде што ќе разговараат за различни прашања како што се предизвиците со кои што се соочува сојузот, воената стратегија, силата на одвраќање, Авганистан и Западен Балкан.

Денеска на првиот ден од состанокот на началниците на штабовите, кој што ќе трае и утре (во текот на два дена), ќе бидат разгледани стратешките предизвици, воената стратегија на сојузот, силата на одвраќање и одбраната, Подготвителната иницијатива на НАТО, Мисијата одлучна поддршка и случувањата во врска со регионалната безбедносна состојба.

Утре, на вториот ден од седниците на состанокот пак, началниците на генералштабовите на 29 земји членки на НАТО ќе разговараат за подготовките за воени маневри, подобрувањето на пристапот до способности со заеднички фонд, партнерството меѓу НАТО и Грузија и Западен Балкан.

Состанокот на кој Турција ја претставува началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, се одржува под претседателство на претседателот на Воениот комитет генерал Стјуарт Пич.

Началникот на генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер во рамките на своите разговори во Брисел утре се очекува да се состана со својот американски колега началникот на Здружениеот генералштаб на Вооружените сили на САД Џозеф Данфорд.

Генерал на армија Ѓулер истовремено се предвидува да се состане и со началниците на генерлштабовите на Пакистан и Шпанија.

Инаку, началниците на генералштабовите на земјите членки на НАТО се состануваат три пати годишно и тоа два пати во седиштетот на Сојузот во белгискиот главен град Брисел и еднаш во една од земјите членки.

На состаноците се разговара за различни прашања како што се глобалните безбедносни предизвици, операциите на НАТО и мисиите.

 



Слични вести