Бархам Салих: Јакнењето на односите со Иран е неопходно за безбедноста и стабилноста во регионот

Ирачкиот претседател Бархам Салих на приемот на иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф во Багдад истакна дека треба да бидат зајакнати односите со Иран и дека тоа е неопходно за безбедноста и стабилноста во регионот

1125991
Бархам Салих: Јакнењето на односите со Иран е неопходно за безбедноста и стабилноста во регионот

Ирачкиот претседател Бархам Салих го прими иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф кој допатува на официјални разговори во Багдад.

Во оваа пригода претседателот Салих истакна дека треба да бидат зајакнати односите со Иран и дека тоа е неопходно за безбедноста и стабилноста во регионот.

Според објавеното соопштение од кабинетот на ирачкиот претседател, на средбата станало збор за билатералните односи и последните случувања во регионот.

Ирачкиот претседател Бархам Салих привлекувајќи внимание на проблемите во регионот рече: „За заживување на регионот економски и трговски и за да би живееле народите во спокојство и просперитет, треба да се изнајде решение за проблемите по мировни патишта.“

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф пак, истакна дека неговата земја посакува да ја развие уште повеќе соработката со Ирак и напомена дека Иран ги поддржува ирачката влада и ирачкиот народ на сите полиња.



Слични вести