Експлозија во пекарница во Париз: Загинаа двајца пожарникари, а 47 лица се повредени
Во денешната експлозија до која дојде во една пекарница во главниот град на Франција Париз животот го загубија 2 лица пожарникари, а 47 лица се повредени од кои 12 потешко

Во експлозијата до која што дојде денеска во францускиот главен град Париз според добиени најнови информации животот го загубија 2 лица, а 47 лица се повредени.
Во една пекарница на улицата Тревис во 9'тото подрачје на Париз најпрвин избувнал пожар, а потоа дошло до експлозија.
Во експлозијата предизвикана од истекување на гас животот го загубија двајца пожарникари, а 47 лица се повредени од кои 12 потешко.
Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер најпрвин соопшти дека бројот на човечките загуби во експлозијата изнесува 4 лица, меѓутоа оваа бројка потоа од страна на Дирекцијата на полицијата беше поправена на двајца жртви.
Експлозијата предизвика сериозна штета во пекарницата и во околните згради.
На местото на настанот беа испратени приближно 200 пожарникари и 100 полицајци, додека поради можност од ширење на пожарот и од друга експлозија околните згради и хотели беа испразнети.
До случајот дојде пред да започнат антивладините протести на жолтите елеци кои што продолжуваат во Франција уште од 17 ноември 2018 година.