Постигнат прекин на огнот меѓу групите кои се борат против Асадовиот режим

Како што се дознава, со постигнатиот договор меѓу страните ќе се воспостави прекин на огнот во подрачјето на градот Идлиб, ќе бидат кренати ископаните ровови и канали (ендеци) и ќе бидат разменети заробеници меѓу вооружените групи

1123078
Постигнат прекин на огнот меѓу групите кои се борат против Асадовиот режим

Воените опозиционери во подрачјата на градовите Идлиб, Алепо и Хама во Сирија и политичките групи кои се борат против режимот на Бешар Асад постигнаа прекин на огнот во меѓусебните судири.

Фронтот за национално ослободување (ФЛН) под покривот на Слободната сириска армија (ССА) и Хејети Тахрир Шам постигнаа договор.

Како што се дознава, со постигнатиот договор меѓу страните ќе се воспостави прекин на огнот во подрачјето на градот Идлиб, ќе бидат кренати ископаните ровови и канали (ендеци) и ќе бидат разменети заробеници меѓу вооружените групи.

Движењето Нуреддин Зенги од компонентите на Фронтот за национално ослободување (ФЛН) и групата Хејети Тахрир Шам на 30 декември почнаа да војуваат меѓусебно и потоа овие судири се проширија насекаде во подрачјето на градот Идлиб и во руралните подрачја на градот Хама.



Слични вести