Британскиот Парламент го усвои предлогот за „план Б“ во случај на одбивање на Договорот за Брегзит

Предлогот со кој што и се признава рок од 3 дена на британската Влада да го извести Парламентот за патот што ќе се следи, доколку биде одбиен Договорот за Брегзит постигнат меѓу премиерката Тереса Меј и ЕУ, беше изгласан со 308 „за“ и 297 гласа „против“

1122758
Британскиот Парламент го усвои предлогот за „план Б“ во случај на одбивање на Договорот за Брегзит

Парламентот во Велика Британија го усвои предлогот доколку биде одбиен Договорот за Брегзит кој што предвидува земјата да ја напушти Европската унија (ЕУ), Владата во рок од 3 дена да го достави својот „Б план“.

Предлогот со кој што и се признава рок од 3 дена на британската Влада да го извести Парламентот за патот што ќе се следи, доколку биде одбиен Договорот за Брегзит постигнат меѓу премиерката Тереза Меј и ЕУ, беше изгласан со 308 „за“ и 297 гласа „против“.

Според политички посматрачи, Парламентот со усвојување и на овој предлог во значителна мера го стесни просторот на делување (движење) на Владата во процесот на Брегзит.

Од друга страна, британската премиерка Тереза Меј на редовната неделна седница „Прашања до премиерот“ во парламентот одговараше на прашањата на пратениците.

На прашањето на еден пратеник „Дали се точни вестите околу тоа дека британските функционери го испитуваат пулсот во Брисел за одложување на датумот на Брегзит?“, Меј одговори дека Велика Британија на 29 март 2019 година ќе ја напушти Европската унија (ЕУ).

Договорот за Брегзит ќе биде поставен на гласање во Парламентот на Велика Британија на 15 јануари и речиси со сигурност се гледа дека премиерката на малцинската влада Тереза Меј ќе биде поразена на ова гласање.

Велика Британија на одржаниот референдум на 26 јуни 2016 година донесе одлука за напуштање на Европската унија (ЕУ).

Рокот од две години што и се признава на Велика Британија согласно членот 50 од Договорот од Лисабон со кој што се регулира процесот на излегување од ЕУ истекува на 29 март и заклучно со овој датум оваа земја официјално ќе ја напушти Унијата.

 



Слични вести