Американскиот државен секретар Мајк Помпео во посета на Египет

Според египетската новинска агенција „МЕНА“, американскиот државен секретар Мајк Помпео по остварената изненадна посета на Ирак, вчера во вечерните часови пристигна на меѓународниот аеродром во Каиро

1122923
Американскиот државен секретар Мајк Помпео во посета на Египет

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во рамките на својата Блискоисточна турнеја, по остварената изненадна посета на Ирак, претсојува во посета на Египет.

Според египетската новинска агенција „МЕНА“, Помпео по остварената изненадна посета на Ирак вчера во вечерните часови пристигна на меѓународниот аеродром во Каиро.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска се очекува да се состане со својот египетски колега министерот за надворешни работи Самих Шукри со кого ќе разговараат за развојот на билатералните односи и случувањата на Блискиот исток.

Помпео, својата Блискоисточна турнеја ја започна во вторникот со посетата на Јордан, а потоа беше во изненадна посета на Ирак. Помпео за време на оваа негова посета на Ирак која што траеше неколку часа се состана со ирачкиот претседател Бархам Салих, премиерот Адил Абдулмехди и претседателот на Парламентот Мухамед Халбуси, по што опремина во Регионалната курдска управа на Ирак.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео кој по доаѓањето на должност ја остварува својата втора Блискоисточна турнеја, по Јордан, Ирак и Египет се очекува да ги посети и Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин, Оман и Кувајт.



Слични вести