Помпео во посета на Јордан

Сојузниците на САД меѓу кои се наоѓа и Јордан, се согласни во врска со ставот дека Иран претставува огромен ризик за регионот

1121842
Помпео во посета на Јордан

Американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео рече дека двојно ќе го зголемат дипломатскиот и трговскиот притисок врз Иран.

Во рамките на Блискоисточната турнеја кој опфаќа 7 земји, министерот Помпео престојува во посета на Јордан, првата дестинација од турнејата. По средбата со јорданскиот колега Ајман Сафади во Аман, Помпео на заедничката прес конференција подвлече на стратешкото регионално значење на Јордан за САД. Аман презеде значајна улога во мировното решавање на кризата во Сирија, рече Помпео потенцирајќи дека САД ја гарантира стабилноста на Јордан.

Помпео ги повтори пораките што ги даде претходно во врска со Иран, потенцирајќи дека сојузниците на САД меѓу кои се наоѓа и Јордан, се согласни во врска со ставот дека Иран претставува огромен ризик за регионот. Одлуката на претседателот Трамп за повлекување на американските војници од Сирија, во никој случај не ќе може да влијае врз нашиот капацитет за уништување на овие закани (од Иран и ДЕАШ).



Слични вести