Летовите од Хетроу одложени 1.5 час поради дроновите во околината

Управата на аеродромот Хетроу кој пружа услуги на 70 милиони патници годишно соопшти дека ќе постави посебен систем за спречување на летањето на дроновите во околината

1121896
Летовите од Хетроу одложени 1.5 час поради дроновите во околината

Летовите од Хетроу одложени 1.5 час поради дроновите во околината

Летовите од најголемиот аеродром на Британија Хетроу беа одложени 1.5 час поради дроновите кои беа утврдени во околината.

Управата на аеродромот Хетроу кој пружа услуги на 70 милиони патници годишно, по минатомесечната криза која што беше доживеана на аеродромот Гетвик соопшти дека ќе постави посебен систем за спречување на овој вид настани.

Кон крајот на минатиот месец, поради кризата со дроновите на аеродромот Гетвик кој важи за втор најголем аеродром на Британија, два дена беа одложени летовите од овој аеродром.

По овој настан, околу 100 илјади патници беа изложени на неповолните последици. Двете лица кои беа приведени под сомнение дека ги полетале дроновите, по спроведената истрага беше утврдено дека биле невини.

По настанот, аеродромот Гетвик со инвестиции од околу 5 милијарди стерлинзи постави систем за мониторинг и утврдување на дроновите.

Во Британија е забрането полетувањето на дроновите на далечин од 1 км од аеродромите, додека сите оние кои што ќе бидат вмешани во предизвикувањето опасност за безбедноста на летовите, се казнуваат со казна затвор од 5 години.



Слични вести