Ентони Зини, специјален претставник во Стејт департментот поднесе оставка

Зини истакна дека поднел оставка поради тоа што администрацијата на Трамп не сакала да учествува во Стратешкиот сојуз за Блискиот исток (МЕСА) која е афирмирана како „Арапско НАТО“, а за која се планира да се формира со учество на заливските земји

1122127
Ентони Зини, специјален претставник во Стејт департментот поднесе оставка

Ентони Зини кој беше на должност како специјален претставник во американскиот државен секретаријат и работеше во однос на Заливската криза, поднесе оставка.

Зини кој беше поранешен шеф на Централната команда на САД и од страна на администрацијата на претседателот Доналд Трамп беше назначен за специјален претставник за решавање на кризата со Катар која што се појави поради блокадата што Заливските земји почнаа да ја спроведуваат против Катар, во дадената изјава за телевизискиот канал „CBS News“ истакна дека поднел оставка на својата функција во американскиот државен секретаријат (Стејт департментот).

Зини истакна дека поднел оставка поради тоа што администрацијата на Трамп не сакала да учествува во Стратешкиот сојуз за Блискиот исток (МЕСА) која е афирмирана како „Арапско НАТО“, а за која се планира да се формира со учество на заливските земји.

Изјава во врска со изјавата на Ентони Зини пристигна и од заменик портпаролот на американскиот државен секретаријат Роберт Паладино кој нагласи дека Стеј департментот ќе го продолжи процесот што се води меѓу страните. 

Паладино рече: „На генерал Зини му благодариме за неговата работа во Стејт департментот и заслугите за нашата земја.“

Инаку, Ентони Зини, на барање на поранешниот американски државен секретар Рекс Тилерсон и поранешниот секретар за одбрана Џим Матис во 2017 година почна да работи како спеицјален преттсавник во Стејт департментот.

Рекс Тилерсон беше разрешен од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, додека Џим Матис поднесе оставка по одлуката на Трамп за повлекување од Сирија.



Слични вести