Британскиот Парламент постави нова препрека пред Брегзит без договор

Според усвоената законска измена, британската Влада не ќе може да ги користи без одобрение на Парламентот, буџетските средства кои што ќе ги одвои владата за подготовките за можно сценарио на Брегзит без договор

1122277
Британскиот Парламент постави нова препрека пред Брегзит без договор

Парламентот на Велика Британија усвои законска измена за да се спречи Владата да ја напушти Европската унија (ЕУ) без договор.

Законската измена предложена од страна на главната опозициска партија за да се спречи Брегзит без договор е усвоена со 303 гласа „за“ и 296 „против“.

Според оваа измена, британската Влада не ќе може да ги користи без одобрение на Парламентот, буџетските средства кои што ќе ги одвои владата за подготовките за можно сценарио на Брегзит (напуштање на Велика Британија на ЕУ) без договор.

Политички посматрачи дека, резултатот од гласањето потврди дека е мала шансата за поминување од Парламентот и на Договорот за Брегзит на британската премиерка Тереза Меј за кој што ќе се гласа идната недела.

Меј која увиде дека не располага со доволна поддршка за одобрување на договорот за Брегзит во Парламентот, во последен момент го одложи гласањето кое што требаше да се одржи минатиот месец.

Така Договорот за Брегзит што го постигна британската премиерка Тереза Меј со ЕУ во ноември, ќе биде поставен на гласање во британскиот Парламент на 15 јануари. 

Меј која на одржаните предвремени избори минатата година го изгуби мнозинството во Парламентот, можеше да формира малцинска влада со поддршка од надвор на екстремно десничарската Демократска унионистичка партија (ДУП) на Северна Ирска.

ДУП која инаку е на страната на Брегзит, исто така соопшти дека ќе гласа против Договорот за Брегзит, а поради членот за „мерките за претпазливост“ кои што ги содржи овој договор.

Освен тоа голем број пратеници и од редовите на партијата на Меј се очекува на гласањето да делуваат заедно со опозицијата и да гласаат против договорот за Брегзит.

Членот за „мерките за претпазливост“ кој што привлекува реакција, има за цел да спречи по Брегзит да се појави физичка граница помеѓу Република Ирска која е членка на ЕУ и Севрна Ирска која е дел од Велика Британија, т.ј. Обединетото Кралство. 

Доколку процесот функционира нормално, Велика Британија треба да ја напушти официјално Европската унија (ЕУ) на 29 март 2019 година.

 



Слични вести