Уште еден скандал на американскиот е-трговски веб-сајт Амазон

На веб страницата Амазон на продажба беа изложени простирки за нозе во купатило на кои на арапски пишуваше „Аллах“

1121349
Уште еден скандал на американскиот е-трговски веб-сајт Амазон

Уште еден скандал на американскиот е-трговски веб-сајт Амазон.

Имено на веб страницата Амазон на продажба беа изложени простирки за нозе во купатило на кои на арапски пишуваше „Аллах“, кој настан ги предизвика реакциите на муслиманите во САД.

По соопштението кое беше објавено од страна на Советот за американско-исламски односи (ЦАИР) кој важи за една од најугледните организации, Амазон ги повлече од продажба наведените производи.

Од друга страна пак, во рамките на кампањата за собирање потпис за укинување на продажбата на овие производи која беше организирана од страна на  Change.org беа собрани околу 73 илјади потписи.

Амазон и во 2016 година со изнесувањето на продажба на истите простирки во Англија, предизвика големи реакции.



Слични вести