На протестите на жолтите елеци во саботата во Франција се притворени 345 лица

Според податоците на француското министерство за внатрешни работи, за време на нередите на протестите на жолтите елеци во саботата низа цела Франција на кои учествуваа приближно 50 илјади лица, се притворени 345 лица

1121046
На протестите на жолтите елеци во саботата во Франција се притворени 345 лица

За време на протестите на жолтите елеци во саботата во различни делови на Франција се притворени 345 лица.

Според податоците на француското министерство за внатрешни работи, за време на нередите на протестите на жолтите елеци во саботата низа цела Франција на кои учествуваа приближно 50 илјади лица, се притворени 345 лица.

Исто така и на одржаните протести на 29 декември на кои учествуваа некаде околу 12 илјади лица,во нередите до кои што дојде беа притворени повеќе од 60 лица

Демонстрациите на "Жолтите елеци" кои како реакција против поскапувањето на горивото и влошувањето на економските услови во Франција започнаа на 17 ноември, потоа се претворија во гнев против управата на претседателот Емануел Макрон и на крајот прераснаа во најсилни протести во последните години во оваа земја.

Демонстрантите од кои мнозинството го сочинуваат лица кои поради високите кирии во големите градови живеат во предградијата и руралните подрачја, бараат од францускиот претседател Емануел Макрон и од неговата администрација да ги подобрат економските услови во земјата.

Освен тоа „Жолтите елеци“ бараат прашањата кои што одблизу го засегаат животот на граѓаните во земјата и законите кои што ќе бидат донесени во врска со тоа да бидат поставени на гласање пред народот на референдум.

Според податоците на француското министерство за правда, во нередите кои што се појавија за време на одржаните протести на жолтите елеци во периодот од 17 ноември до 17 декември, за 30 дена, се притворени вкупно 4.570 лица, а беа уапсени 216 лица.

На одржаните протести досега животот го загубија 1а лица, а повеќе од илјада лица се повредени.

Од друга страна според вестите кои што се објавуваат во францускиот печат, Жаклин Муро, инаку една од водечките имиња на жолтите елеци ќе формира политичка партија по име „Ле Емергентс“.

Во вестите се истакнува дека со формирање на оваа партија се има за цел да бидат обединети луѓето против насилството.

 



Слични вести