Во свлечилиште во илегален рудник за злато во Авганистан загинаа 30 лица

Портпаролот на полицијата во провинцијата Бадахшан санаулах Рухани истакна дека поради лизгање на земјиштето во еден рудник во Кохистан дошло до уривање во рудникот при што загинале 30 лица, а 7 лица биле повредени

1120942
Во свлечилиште во илегален рудник за злато во Авганистан загинаа 30 лица

При лизгање на земјиште во илегален рудник за злато во Кохистан, во провинцијата Бадахшан во северозападниот дел на Авганистан, животот го загубија 30 лица, а 7 лица се повредени.

Портпаролот на полицијата во провинцијата Бадахшан Санаулах Рухани истакна дека поради лизгање на земјиштето во еден рудник во Кохистан дошло до уривање во рудникот.

Притоа во свлечилиштето животот го загубиле 30 лицаи кои работеле на длабочина од 60 метри под земјата, а 7 лица биле повредени.

Портпаролот на полицијата воедно напомена дека во овие рудници кои што се надвор од контролата на владата работат селани од ова подрачје и дека причина за несреќите стануваат занемарувањата на овие лица кои не се професионално обучени за работа во рудници.

Инаку, познато е дека во овие делови на Авганистан кои се богати со драгоцени руди освен селаните врши ископувања и Талибан, од каде што обезбеди приходи.

Во северните планински делови на Авганистан често доаѓа до лизгања на земјиштето, т.ј. свлечилишта.

 



Слични вести