САД се решителни во повлекувањето од Сирија но не реков ништо во врска со брзината на повлекувањето

Исто така и регионалните земји треба да водат борба против ДЕАШ

1120411
САД се решителни во повлекувањето од Сирија но не реков ништо во врска со брзината на повлекувањето

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека САД се решителни во повлекувањето од Сирија, но дека не рекол ништо конкретно во врска со брзото повлекување на американските војници.

Трамп во Белата куќа одржа прес конференција на која одговараше на прашањата на новинарите во врска со повлекувањето на САД од Сирија.

Во периодот кога седна на претседателската функција, поголемиот дел од Сирија и Ирак беа под контрола на ДЕАШ. Денес ДЕАШ целосно е избришан од Сирија. Во Сирија останаа многу мал број терористи, рече Трамп.

Покрај тоа што се повлекуваме од Сирија, никогаш не реков ништо конкретно во врска со брзото повлекување на американските војници од оваа земја.

Исто така и регионалните земји треба да водат борба против ДЕАШ, рече Трамп потенцирајќи дека Русија, Иран и Турција ја мразат ДЕАШ. Како што војуваме ние, исто така и наведените земји треба да војуваат во регионот, рече Трамп.

Џон Болтон, специјалниот советник за национална безбедност на Трамп во изјавата за печатот потенцирајќи на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК рече дека повлекувањето на САД од Сирија зависи од турската гаранција за безбедноста на „курдските борци“ и победата над ДЕАШ.

Изјавата на Болтон во која за терористите го употреби изразот „борци“ предизвика големи реакции во Анкара.



Слични вести