Повик од папата Франциск за бегалците во Медитеранот

Искрено ги повикувам европските лидери да покажат конкретен пример на солидарност кон овие луѓе

1120829
Повик од папата Франциск за бегалците во Медитеранот

Духовниот лидер на римокатоличкиот свет папата Франциск упати повик за отворање на портите за двата брода со 49 бегалци кои две недели бараат пристаниште за закотвување во Средоземното море.

Папата Франциск во говорот што го одржа на плоштадот Свети Петар по повод празникот Водици пред 60 илјади луѓе рече:

„Искрено ги повикувам европските лидери да покажат конкретен пример на солидарност кон овие луѓе“.

Бродот „Sea-Watch3“ кој спаси 32 бегалци кои на пат со чамец излегоа на 22 декември, како и бродот „Sea-Eye“ кој на 29 декември спаси 17 бегалци, со денови бараат поволно пристаниште за закотвување.

Премиерот на Малта Џозеф Мускат за двата брода рече дека неговата земја нема никаква одговорност поради што одби да ги прими наведените бродови.

Италијанскиот министер за внатрешни работи и лидер на партијата Лига Матео Салвини кој е познат по политиките против бегалците рече дека нема промени во неговиот став рече дека италијанските пристаништа се затворени за овие бродови.

Салвини во пораката преку социјалните медиуми рече дека во територијалните води на Малта пловат еден германски и еден холандски брод. И покрај тоа од Италија се бара да ги прими овие бродови. Нашата земја во последните години прими над еден милион  бегалци. Во Италија над еден милион деца живеат во сиромаштија, рече Салвини.



Слични вести