Гаранција од Болтон до Нетанјаху: Повлекувањето на САД од Сирија нема да влијае на Израел

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, во Западен Ерусалим се состана со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и притоа даде гаранција дека повлекувањето на САД од Сирија нема да влијае на Израел

1120625
Гаранција од Болтон до Нетанјаху: Повлекувањето на САД од Сирија нема да влијае на Израел

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, пред да допатува во посета на Турција, престојуваше во посета на Израел.

Болтон и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржаа заедничка прес-конференција во владината канцеларија во Западен Ерусалим.

Советникот за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон му даде гаранција на Израел во врска со повлекувањето на САД од Сирија.

Болтон истакна дека повлекувањето на американските војници од Сирија ќе се реализира со обезбедување на одбраната на сојузниците на Вашингтон.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пак, истакна дека САД му даваат неограничена поддршка на неговата земја во Обединетите нации (ОН) и рече: „Вие освен тоа му давате поддршка на правото на Израел на самоодбрана, и ние ова наше право постојано го употребуваме.“

Нетанјаху напомена дека САД се најголемиот сојузник на Израел и рече: „Она што е значајно за нас, е да го знаеме тоа дека ја добиваме поддршката на нашиот најголем пријател и најголем сојузник САД.“

Израелскиот премиер Бенјамин нетанјаху воедно укажа на значењето и на окупираните Голански восорамнини за безбедноста на неговата земја и додаде дека уште еднаш нема да се повлечат од овие територии. 

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, кој за водење разговори посветени на повлекувањето на САД од Сирија во сабота вечер отпатува во посета на Израел пред да се состане со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави за новинарите дека услов за повлекувањето на САД од Сирија е Турција да даде гаранција за безбедноста на како што рече „курдските борци“, мислејќи притоа на терористичката организација ЈПГ/ПКК, и победата над ДЕАШ.

Оваа изјава на Болтон во која во врска со терористите го употреби изразот „борци“ беше дочекана со голема реакција од страна на Анкара.

 



Слични вести