Бројот на загинатите во лизгањето на земјиштето во Индонезија се зголеми на 32 лица

Со извлекување на мртвото тело на уште едно затрупано лице во лизгањето на земјиштето предизвикано од силните врнежи од дожд во градот Сукабуми во провинцијата Западна Јава во Индонезија бројот на жртвите се зголеми на 32 лица

1120412
Бројот на загинатите во лизгањето на земјиштето во Индонезија се зголеми на 32 лица

Бројот на загинатите во лизгањето на земјиштето предизвикано од силните врнежи од дожд во градот Сукабуми во провинцијата Западна Јава во Индонезија се зголеми на 32 лица.

Според веста објавена во весникот „Компас“, во рамките на работите за пребарување и спасување кои што се водат во селото Сирнаресми каде што во свлечилиштето на 31 декември 2018 година останале затрупани под земја 30 куќи, било извадено мртвото тело на уште едно затрупано лице, со што бројот на жртвите се зголемил на 32 лица.

Додека полека завршуваат работите за пребарување и спасување кои што една недела како продолжуваат во погоденото подрачје, се уште не може да се пронајде уште едно лице кое се води како исчезнато.

Во лизгањето на земјиштето во кое беа подложени на негативното влијание на оваа елементарна непогода 100 лица, 3 лица беа повредени, а 64 лица беа евакуирани на безбедно место.

Во Индонезија каде што владее тропска клима, поради поројните врнежи од дожд често доаѓа до поплави и лизгања на земјиштето.

 

 



Слични вести