Нова оставка во Пентагон: Замина и шефот на кабинетот Кевин Свини

Шефот на кабинетот на американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) поднесе оставка на функцијата

1120147
Нова оставка во Пентагон: Замина и шефот на кабинетот Кевин Свини

Кевин Свини поднесе оставка на функцијата шеф на кабинетот во американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон).

Пентагон објави писмено соопштение во врска со оставката на Свини.

Во соопштението не се изнесуваат детали во врска со причината на оставката и се вели дека Кевин Свини кој минатата година беше назначен за шеф на кабинетот на поранешниот секретар за одбрана Џим Матис (кој исто така пред извесно време поднесе оставка), ќе работи во приватниот сектор.

По оставката на американскиот секретар за одбрана Матис, Кевин Свини е втор висок функционер кој го напушта Пентагон, откако во меѓувреме минатата недела од функција беше разрешена портпаролката на Пентагон Дана Вајт, која подолго време беше предмет на административна истрага поради нејзиното лошо однесување кон персоналот.



Слични вести