На вчерашните протести низ цела Франција учествуваа приближно 25 илјади лица

Вчера на протестите низ цела Франција, на чело со оние во главниот град Париз учествуваа приближно 25 илјади демонстранти кои повторно се соочија со интервенцијата на полицијата

1120185
На вчерашните протести низ цела Франција учествуваа приближно 25 илјади лица

Движењето „Жолти елеци“ во Франција вчера (5 јануари, сабота) од 17 ноември по 8'ми пат излегоа на улиците и плоштадите ширум земјата.

Вчера на протестите низ цела Франција, на чело со оние во главниот град Париз учествуваа приближно 25 илјади демонстранти кои повторно се соочија со интервенцијата на полицијата.

На одржаните протести во главниот град Париз учествуваа 3 илјади и 500 демонстранти и во нередите до кои што дојде беа притворени 18 лица.

Во Париз беа одржани протести на две одделни места од кои едниот околу зградата на локалната самоуправа, а вториот на улицата Шанз-Елизе.

Улиците на Париз кои во изминатите недели беа сцена на острата интервенција на полицијата, уште еднаш беа поркиени со солзавец и бибер гас.

Полицијата повремено за спречување на демонстрантите употреби насилство.

Протестите во Франција не беа ограничени само со главниот град Париз, туку голем број демонстранти излегоа на улиците и во други градови како што беа Руен, Нант и Бордо.   

На протестите кои што беа одржани насекаде низ Франција учествуваа приближно 25 илјади лица.

За време на протестите кои што ги започнаа Жолтите елеци на 17 ноември во 2018 година досега животот го загубија 11 лица, а 200 лица беа повредени.

Во нередите до кои што дојде беа притворени 4.570 лица, од кои 216 лица беа уапсени, а судењето на голем број лица продолжува.



Слични вести