Џејмс Џефри, назначен и за специјален претставник на САД за борба против ДЕАШ

Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри е назначен и за нов специјален претставник на САД за борба против терористичката организација ДЕАШ

1119655
Џејмс Џефри, назначен и за специјален претставник на САД за борба против ДЕАШ

По оставката на Брет Мекгурк за нов специјален претставник на САД за борба против терористичката организација ДЕАШ е назначен Џејмс Џефри кој во моментов ја извршува и должноста специјален претставник на САД за Сирија.

Портпаролот на американскиот државен секретаријат Роберт Паладино во објавеното писмено соопштение истакна дека амбасадорот Џејмс Џефри ќе ја извршува должноста специјален претставник на глобалната коалиција за борба против ДЕАШ.

Привлекувајќи внимание дека Џефри ќе ја извршува и должноста специјален претставник за Сирија, Паладино рече: "Амбасадорот Џефри ќе ја воспоставува врската помеѓу американскиот државен секретаријат и глобалната коалиција против ДЕАШ и координацијата по прашањето на имплементацијата на одлуката на претседателот Доналд Трамп за повлекување на американските војници од Сирија, во координација со нашите партнери и сојузници доследно со целите на САД во Сирија и Ирак, вклучувајќи го и трајниот пораз на ДЕАШ."

Должноста специјален претставник на САД за борба против ДЕАШ досега ја водеше поранешниот Брет Мекгурк.

Мекгурк, по 5 годишното искуство кога Ирак беше претворена во земја во хаос со етничка и секташка основа со што беше подготвена основата за појава на ДЕАШ, фрли потпис на политики во чиј приоритет беше сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија.

Брет Мекгурк кој е познат како неимар на федералната структура на Ирак, водеше обиди моделот во Ирак да и го наметне и на Сирија со што ја прифати структурата под монопол на ПКК во северниот дел на Сирија.

Брет Мекгурк, по одлуката на администрацијата на Трамп во САД на 19 декември за повлекување од Сирија, поднесе оставка од должноста специјален претставник на САД за борба против терористичката организација ДЕАШ.



Слични вести