Во воздушен напад на коалиционите сили кај Деир ез-Зор во Сирија загинаа 10 цивили од кои 4 деца

Во воздушен напад на коалиционите сили кои и доставуваат поддршка од воздух на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во центарот на градчето Кешкије оклупирано од ЈПГ/ПКК, во близина на градот Деир ез-Зор загинаа 10 цивили од кои 4 деца

1119435
Во воздушен напад на коалиционите сили кај Деир ез-Зор во Сирија загинаа 10 цивили од кои 4 деца

Во реализиран воздушен напад од страна на коалиционите сили под водство на САД на едно мало населено место под окупација на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, во близина на градот Деир ез-Зор во источниот дел на Сирија, животот го загубија 10 цивили од кои 4 деца.

Според добиени информации од локални извори во Деир ез-Зор, во реализиран воздушен напад од страна на коалиционите сили кои и доставуваат поддршка од воздух на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК врз цивилни населени места во центарот на градчето Кешкије, окупирано од ЈПГ/ПКК, животот го загубија 10 цивли, од кои 4 деца.

Исти извори соопштуваат дека по нападот на коалиционите сили терористите на ЈПГ/ПКК тврделе дека нападот бил извршен по грешка.

Од друга страна, во реализираниот воздушен напад вчера на месноста Шифе во источниот дел на реката Еуфрат во близина на градот Деир ез-Зор, животот го загубија 11 цивили од исто семејство.

На тој начин во нападите на коалиционите сили во последните два дена во Сирија животот го загубија 21 цивил.



Слични вести