Бројот на жртвите во лизгањето на земјиштето во Индонезија се искачи на 18 лица

Билансот на жртвите во лизгањето на земјиштето предизвикано од силните врнежи од дожд во Сукабуми во провинцијата Западна Јава во Индонезија се искачи на18 лица, а продолжува да се трага по уште 15 лица кои се водат како исчезнати

1119083
Бројот на жртвите во лизгањето на земјиштето во Индонезија се искачи на 18 лица

Бројот на загинатите во лизгањето на земјиштето предизвикано од силните врнежи од дожд во Сукабуми во провинцијата Западна Јава во Индонезија се зголеми на18 лица.

Според веста објавена во весникот „Компас“, растат човечките загуби во лизгањето на земјиштето до кое што дојде на 31 декември 2018 година кога останаа потрупани под земја 30 куќи во селото Сирнаресми во областа Сукабуми.

Бројот на жртвите се зголеми на 18 лица и продолжуваат активностите за пребарување на уште 15 лица кои се водат како исчезнати.

Надлежни соопштија дека активностите за пребарување се планира да бидат завршени во недела.

Како што се наведува, 100 лица биле подложени на негативното влијание на лизгањето на земјиштето во областа.

Освен загинати во свлечилиштето 3 лица се повредени, а 64 лица се евакуирани во безбедна област.

Инаку, во Индонезија каде што владеат монсунски дождови и владее тропска клима, поради прекумерните врнежи од дожд во текот на годината често доаѓа до поплави и лизгања на земјиштето или свлечувалишта.



Слични вести