Билансот на жртвите во експлозијата во зграда во областа Чељабинск, во Русија се зголеми на 37 лица

Според објавеното соопштение од Министерството за итни состојби на Русија, бројот на извадените мртви тела од под урнатините на срушената зграда се искачи на 37 лица

1118148
Билансот на жртвите во експлозијата во зграда во областа Чељабинск, во Русија се зголеми на 37 лица

Бројот на извадените мртви тела од под рушевините на срушената зграда во која на 31 декември, во понеделникот, дојде до експлозија на природен гас, во градот Магнитогорск, во областа Чељабинск во Русија, се зголеми на 37 лица.

Продолжуваат работите за пребарување и спасување во рушевините на срушената 10 катна зграда во која се случи експлозијата.

Според објавеното соопштение од Министерството за итни состојби на Русија, бројот на извадените мртви тела од под урнатините на срушената зграда се искачи на 37 лица.

Во експлозијата на природен гас дојде до рушење на 10 катната зграда во која беа сериозно оштетени 48 станови во кои се претпоставува дека живееле над 100 лица.

Едно неколкумесечно бебе беше извадено живо од под рушевините на срушената зграда, по изминати приближно 35 часа по експлозијата.

 



Слични вести