Вооружен напад на џамија во градот Малме во Шведска

Според веста на шведската државна телевизија „СВТ“, бил извршен вооружен напад на џамијата Махмуд во градот Малме, но во нападот немало загинати или ранети и само биле скршени неколку стакла, прозорци на џамијата

1117301
Вооружен напад на џамија во градот Малме во Шведска

Извршен вооружен напад на една џамија во градот Малме во Шведска.

Според веста на шведската државна телевизија „СВТ“, бил извршен вооружен напад на џамијата Махмуд во градот Малме, но во нападот немало загинати или ранети.

Портпаролката на Дирекцијата на полицијата Ана Горанссон истакна дека во нападот биле скршени три стакла, прозорци на џамијата и дека во врска со случајот е започната истрага за обид за обиство.

Претседателот на џамијата Карем Лоне во врска со нападот рече: „Оние кои живеат во околината за истрелите од оружје помислиле дека се огномет. Забележавме дека стаклата на надворешниот ѕид на џамијата се скршени и ја известивме полицијата. Полицијата на местото на настанот пронајдоа неколку чаури од куршуми.“

Портпаролката на Дирекцијата на полицијата Ана Горанссон истакна дека причината за нападот засега не е позната, дека истражувањата на полицијата продолжуваат и дека засега нема притворени во врска со нападот.
 



Слични вести