Во железничка несреќа во Данска животот го загубија 6 лица

Полицијата во Фин преку Твитер соопшти дека наутро околу 07:30 часот по локално време се случи железничка несреќа кога на мостот Сторебелт се судрија патнички и товарен мост, при што животот го загубија 6 лица, а 8 лица се полесно повредени

1117781
Во железничка несреќа во Данска животот го загубија 6 лица

Во железничка несреќа во Данска на мостот Сторебелт кој ги поврзува централните острови Сјеланд и Фин животот го загубија 6 лица, а 8 лица се полесно повредени.

Според објавеното соопштение од страна на полицијата во Фин преку социјалната мрежа Твитер, наутро околу 07:30 часот по локално време се случи железничка несреќа кога на мостот Сторебелт се судрија патнички и товарен мост.

Во несреќата животот го загубија 6 лица, а 8 лица се полесно повредени.

Во градот Ниборг во близина на местото на несреќата е формиран кризен штаб.

Поради железничката несреќа мостот Сторебелт беше затворен за сообраќај, но потоа еден дел од мостот беше отворен за сообраќај.

Од Данските железници за ТВ2 информираа дека загинатите во несреќата се лица кои со патничкиот воз патувале од Оденсе за главниот град Копенхаген. 

Данските медиуми известуваат дека церадата од товарниот воз го погодила патничкиот воз кој се движел од спротивниот правец, поради што излетал од шините.

Железничкиот мост „Сторебелт“ е дел од мрежата мостови и тунели кои ги поврзуваат данските острови.

 

 



Слични вести