Во напад на центар за воена обука во Пакистан загинаа четворица војници

Вооружени лица реализираа напад на еден центар за воена обука во близина на Кета, главниот град на провинцијата Белуџистан во кој загинаа четворица пакистански војници, тројца напаѓачи беа убиени, а еден самоубиствен напаѓач се разнесе

1117300
Во напад на центар за воена обука во Пакистан загинаа четворица војници

Во реализиран напад од страна на вооружени лица на еден центар за воена обука во Пакистан загинаа четворица пакистански војници.

Во објавено соопштение од пакистанската армија се истакнува дека во реализиран напад од страна на 4 вооружени лица меѓу кои и еден самоубиствен бомбашки напаѓач на еден центар за воена обука во областа Лоралаи на оддалеченост од приближно 155 километри од Кета, главниот град на провинцијата Белуџистан, загинаа четворица пакистански војници.

Како што се истакнува тројца напаѓачи биле убиени од страна на безбедносните сили, додека самоубиствениот напаѓач ја експлодирал бомбата на себе и се разнел.

Одговорноста за нападот ја презеде организацијата „Техрик-и Талибан Пакистан“ (ТТП), која се нарекува и „Пакистански Талибан“.



Слични вести