Помпео: Одлуката за повлекување на САД од Сирија нема да влијае на соработката со Израел

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во Бразил имаше средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и во оваа пригода рече: „Одлуката на претседателот Трамп по прашањето со Сирија, никако не ја менува соработката на САД со Израел“

1117595
Помпео: Одлуката за повлекување на САД од Сирија нема да влијае на соработката со Израел

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во Бразил се состана со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Помпео истакна дека одлуката на неговата земја за повлекување од Сирија нема да влијае на соработката со Израел.

Тој рече: "одлуката што ја донесе претседателот (Доналд) Трамп по прашањето со Сирија никако не ја менува соработката на САД со Израел.

Помпео подвлече дека оваа одлука нема да влијае на соработката помеѓу САД и Израел по прашањето на борбата против терористичката организација ДЕАШ и безбедноста на Израел.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп во соопштението што го објави на својата сметка на социјалната мрежа Твитер на 19 декември напиша: „Го победивме ДЕАШ, единствената причина поради која за време на мојот претседателски мандат се наоѓавме во Сирија.“

Со тоа Трамп соопшти дека неговата земја ќе се повлече од Сирија.

Воедно и портпаролката на Белата куќа Сарах Сандерс истиот ден го истакна следното: „Заедно со тоа што влегуваме во нова фаза во борбата против ДЕАШ, почнавме да ги повлекуваме американските војници во земјата.“

Потоа слично соопштение пристигна и од Пентагон.

Оваа одлука која што доведе до големи дискусии во Вашингтон беше причина за оставката и на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис.

 



Слични вести