Бројот на жртвите во експлозијата на природен гас во една зграда во Русија се зголеми на 13 лица
Продолжуваат работите за пребарување и спасување во рушевините на срушената 10 катна зграда во која се случи експлозијата

Бројот на извадените мртви тела од под рушевините на срушената зграда во која во понеделникот дојде до експлозија на природен гас, во градот Магнитогорск, во областа Чељабинск во Русија, се зголеми на 13 лица.
Продолжуваат работите за пребарување и спасување во рушевините на срушената 10 катна зграда во која се случи експлозијата.
Според објавеното соопштение од Министерството за итни состојби, од под урнатините на срушената зграда досега се извадени мртвите тела на 13 лица.
Сеуште нема информации за судбината на уште приближно 30 лица за кои се претпоставува дека се наоѓаат под урнатините на зградата.
Инаку, во експлозија на природен гас во една зграда во градот Магнитогорск, во областа Чељабинск во Русија, дојде до експлозија на природен гас во која е предизвикана штета во 48 станови во истата зграда. во која се претпоставува дека живееле повеќе од 100 лица.
Во првата фаза од работите за пребарување и спасување од под рушевините на зградата беа извлечени мртвите тела на 8 лица, а едно неколкумесечно бебе беше извадено живо по изминати приближно 35 часа по експлозијата.