Американските војници од Сирија ќе се повлечат преку ирачкиот град Ербил

Портпаролот на Командата за заеднички операции на Ирак генерал-мајор Јахја Ресул истакна дека американските војници кои ќе се повлечат од Сирија, ќе се вратат во САД поминувајќи преку териториите на Регионалната курдска управа во Ирак

1117838
Американските војници од Сирија ќе се повлечат преку ирачкиот град Ербил

Американските војници кои ќе се повлечат од Сирија, оттука ќе преминат во подрачјето на градот Ербил во Регионалната курдска управа во Ирак, а не во областите под контрола на централната ирачка Влада.

Портпаролот на Командата за заеднички операции на Ирак генерал-мајор Јахја Ресул даде изјава за ирачките медиуми во врска со американските војници кои ќе се повлечат од Сирија.

Генерал-мајор Ресул истакна дека американските војници кои ќе се повлечат од Сирија, ќе се вратат во САД поминувајќи преку териториите на Регионалната курдска управа во Ирак.

Тој рече дека повлекувањето на американските војници преку Ербил не значи прекршување на сувереноста на Ирак и дека овие војници нема да се распоредат или позиционираат за постојано во Ирак.

Досега не е објавено било какво соопштение и не е соопштена било каква патна карта од страна на администрацијата на Вашингтон, во врска со тоа како ќе се повлечат американските војници од Сирија.

Откако амеирканскиот претседател Доналд Трамп на 19 декември минатата година соопшти дека американските војници ќе бидат повлечени од Сирија, почна да се одвива интензивен воздушен сообраќај во воздушата база „Харир“ во Ербил за која се вели дека е можната маршрута т.ј. рута за повлекување на американските војници.

Откако се појави терористичката организација ДЕАШ во 2014 година една година потоа американските војници ја презедоа целосно под контрола воздушната база „Харир“ и почнаа да се распоредуваат во оваа база.

Поради тоа што се наоѓа под заштита на Пешмергите и во област каде што заканата од ДЕАШ е многу помала во споредба со другите области во Ирак, воздушната база „Харир“ се иценува како доста безбедна база.

Воедно покрај тоа што е безбедна, воздушната база „Харир“ се наоѓа на 227 километри од граничниот премин „Пешхабур“, кој ги поврзува северниот дел на Сирија и Регионалната курдска управа во Ирак.

Таа исто така е и најблиската воена база на САД во северниот дел на Ирак, до границата на Сирија.

 



Слични вести